АС706И: Организација која учи

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаVII2+16

Наставник: д–р Алма Тасевска

Цели на предметната програма:

Стекнување знаења за концептот на организација која учи; запознавање со потребите за промени и развој кон организација која учи; стекнување на вештини за создавање на организација базирана на учење, развивање на способности за имплементација на овој концепт.

Содржина на предметната програма:

Теоретски основи и концепциска поставеност на организацијата која учи. Видови модели на концептот организација која учи. Потреби од системски промени и нивното влијание врз организацијата. Премин од традиционална кон организација која учи. Претпоставки за развој на учење во организација. Основни дисциплини на организацијата која учи (системско мислење, заедничка визија, ментални модели, тимско учење и лично усовршување). Учењето во функција на организацијата која учи. Параметри за креирање на организација која учи.

Литература:

1. Сенги, П., Умеће и пракса организације која учи, ASEE, Нови Сад, 2003

2. Harung, H. S., A world-leading learning organization, The Learning Organization, 1996

3. Mumford, A., Creating a learning environment, Journal of Professional Human Resource Management, 1996

4. Robbins, S., Bitni elementi organizacijskog ponašanja, Mate, Zagreb, 1998

5. Годишен извештај на UN за човечкиот развој, UN Human Development Report

6. Horncastle, P. J., Learning Organization, http://www.student.lboro.ac.uk