С103З/18: Социологија на моралот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Матевски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат темелни знаења за концепциите и теоретските прашања од областа на моралот како општествена појава и да развијат способност за нивна секојдневна примена во практичниот живот.
Содржина на предметната програма:
Поимно определување на моралот; поим за норми и нивните антрополошки претпоставки; поим за закон; нормите и природните закони; класификација на нормите; општествено-моралните норми во првобитната заедница; Тотемизам и табуи; елементи на моралот; морални норми; вредности; дефинирање на поимите добро и зло; основни субјективни компоненти и претпоставки на моралноста; карактеристики на општествено-моралната свест; обичајни норми; правни норми; морална ситуација; морални субјекти; морална должност, морален прекршок; морална санкција; односот на моралот со другите општествени феномени; морална паника; односот на моралот со религијата; односот на моралот со верата; односот на моралот со идеологијата.
Литература:
1. Матевски Зоран, Социологија на моралот, Филозофски факултет, Скопје
2. Жоглев Златко, Основи на етиката, Педагошки факултет, Битола, 2000
3. Мухиќ Ферид и Жоглев Златко, Мислење во акција, Филозофски факултет, Скопје, 2002
4. Tompson Kenet, Moralna panika, Clio, Beograd, 2003