И1/101-З/23: Историја на античките Македонци 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаI3+18

Наставник: проф. д-р Војислав Саракински

Цели на предметната програма:

Предметот ја опфаќа историјата на античката област и кралство Македонија од првата индоевропска миграција на Балканот, до смртта на кралот Филип II и доаѓањето на власт на
Александар III. Целта е студентите детално да се запознаат со историјата и културата на античка Македонија и македонските племиња во антиката, но и да ги запознаат и сфатат историските процеси и состојби кои ја овозможиле етногенезата на античките Македонци и создавањето на кралството на династијата Аргеади. Откако ќе се покријат основните методолошки прашања во врска со местоположбата на античка Македонија, пишаните и материјалните извори, јазикот, религијата, обичаите и односот со соседните народи и традиции, се минува на разгледување на собитијата од владеењето на македонските кралеви, како и учеството на македонското кралство во двете големи војни кои ја одбележале историјата на јужниот Балкан во античко време: Грчко- персиските војни и Пелопонеската војна. Обработката на материјалот завршува со смртта на Филип II, во моментот кога македонското кралство претставува регионална, а токму пред да стане светска сила. Походот на Александар III на Исток и настаните што уследиле се обработуваат во предметот Историја на античките Македонци 2.

Содржина на предметната програма:

Географска положба на Македонија (граници, особености, области). Извори за античката историја на Македонија. Етногенеза: етнички состав, проблеми на етногенезата, историјат на роблематиката, извори. Јазик, религија, календар. Периодизација на политичката историја. Прва македонска династија: Аргеади, име и потекло. Кралевите од крајот на VIII век ст.е. до V век ст.е. Македонија во Грчко- персиските и во Пелопонеската војна. Кралевите до средината на IV век ст.е. Македонија во времето на Филип II: освојувања, реформи. Социјална структура на македонското општество. Културата во време на Аргеадите: урбанизам, архитектура, мозаици, сликарство, скулптура, историски дела.

Литература:

1. Н. Проева, Историја на Аргеадите, Графотисок, Скопје, 2004

2. Ј. Борза, Под сенката на Олимп, Патрија, Скопје, 2004

3. J. Roisman, I. Worthington, A Companion to Ancient Macedonia, Wiley-Blackwell, 2010

4. F. Papazoglu, Srednjоbalkanska plemena u predrimsko doba, CBI, Sarajevo, 1969

5. П. Кабан, За Илирите од Бардилис до Гентиј, Догер, Скопје, 1996