И1/102-З/23 Историја на стара Грција

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаI3+18

Наставник: проф. д-р Војислав Саракински

Цели на предметната програма:

Целта на овој предмет е студентите подетално да се запознаат со историјата на стара Грција, како и со основните особености на т.н. класична цивилизација, чии вредности се вградени во темелите на современиот западен свет. Преку согледување на основните законитости и процеси кои за прв пат се јавиле во античко време, студентите подобро ќе ги разберат процесите кои траат и денес, а понекогаш се нивно продолжение; освен тоа, тие ќе добијат увид во светогледот и во културните достигања на античкиот свет, чии определници се темел на денешното граѓанско образование. Предметот го опфаќа периодот од протоисторијата и првата индоевропска миграција на јужниот Балкан, до битката кај Хајронеја. По обработувањето на проблематиката на Критско-микенската цивилизација, се минува на обработување на историјата на Хелените, главно во копнена Хелада и во Егејскиот басен, а само по потреба и пошироко во Средоземјето. Хеленската историја се следи сѐ до потпаѓањето на копнена Хелада под македонска власт, со што завршува самостојната политичка историја на хеленските полиси.

Содржина на предметната програма:

Содржина на предметната програма: Критско-микенска цивилизација. Хомер и „мрачното време“. Процесот на колонизација. хеленската колонизација во јужна Италија и Сицилија. Раѓање на полисот. Атина и Спарта. Законите на Дракон, реформите на Солон, тиранијата на Песистрат и реформите на Клејстен. Грчко-персиските војни. Атинската пентаконтаетија и поморскиот сојуз. Пелопонеската војна. Хегемонија на Спарта и хегемонија на Теба. Меѓусебни односи на полисите, криза на полисот. Потпаѓање под македонска власт и губење на политичката самостојност.

Литература:

1. Историја на стара Грција, интерна скрипта

2. Џ. Бјури, Р. Мигс Историја Грчке 1 & 2 Београд: Завод за уџбенике 2001

3. П. Лисичар Историја на античките Грци Скопје: УКИМ 1961

4. M. Ростовцев Историја старог света Београд: Фамилет 2004

5. П. Хр. Илиевски Животот на Микенците во нивните писмени сведоштва Скопје: МАНУ 2002