И1/103-З/23 Вовед во историјата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаI3+18

Наставник: проф. д-р Стефан Пановски

Цели на предметната програма:

Студентите да се воведат во изучувањето на историјата, да се здобијат со основните сознанија за развојот и достигањата на историографијата, да ги совладаат основните поими на историјата како наука; да се здобијат со вештини и способности за следење и изучување на другите историографски и сродни предмети; да ги совладаат основните вештини за писмено и усно изразување и да се воведат во почетните елементи на историското истражување.

Содржина на предметната програма:

Поимот историја и задачите на историјата • историското време и периодизација на историјата • историски извори: видови и поделба на историските извори • поимот историографска школа • развој на историографијата: античка, средновековна, хуманистичка, просветителска, историографијата на 19 век, историографијата на 20 век.

Литература:

1. В. Ачкоска Вовед во историјата Скопје: Филозофски факултет 2014

2. Е. Х. Кар Што е историјата Скопје: Култура 1990

3. Ч. Антић Увод у историјске студије Београд: Завод за уџбенике 2017

4. А. Митровиќ Расправања со Клио Скопје: Филозофски факултет 1995

5. E. Breisach Historiography: Ancient, Medieval & Modern, 3rd edition University of Chicago Press 2007

6. L. Kramer & S. Maza (eds.) A Companion to Western Historical Thought Malden: Blackwell 2002