И1/204-З/23 Историја на античките Македонци 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаI3+18

Наставник: проф. д-р Стефан Пановски

Цели на предметната програма:

Предметот го опфаќа периодот од владеењето на Александар III до падот на Македонија под римска власт. Целта е студентите подетално да се запознаат со владеењето на Александар, но и со причините поради кои неговата огромна држава нема долго да го надживее; а потоа – за собитијата во периодот во кој најистакнатите војсководци половина век ќе војуваат меѓу себе за неговото наследство. Иако период на борби, тоа е истовремено и период на градење на државните механизми што ќе овозможат на крајот да се формираат неколку поголеми кралства, кои ќе опстојат сè до доаѓањето на Рим. Понатаму, предавањата се фокусираат врз античка Македонија и врз условите во кои Антигонидите конечно ќе завладеат и ќе донесат мир и стабилност во земјата. Тоа ги опфаќа владеењата на Антигон Гоната, Деметриј II, Антигон Досон, Филип V и Персеј. Поради природата на изворите, нагласката е на внатрешната политика, но пред сè политиката во Хелада и односите со останатите хеленистички монархии, во прв ред Лагидите во Египет. Од владеењето на Филип V, фокусот се поместува кон односите со Рим и трите Римско-македонски војни што ќе завршат со уништувањето на македонското кралство. На крајот се обработува неуспешниот обид на Андриск да го обнови кралството, по што античка Македонија станува првата римска провинција на Балканот.

Содржина на предметната програма:

• Владеењето на Александар III; • Македонија во времето на Александар III и договорот во Бабилон; • Ламиската војна, I Коалиција и договорот во Трипарадејс; • Времето на дијадосите до битката кај Ипсос (со посебен осврт кон владеењето на Касандар); • Македонија од смртта на Касандар до доаѓањето на Антигон Гоната. Антигон Гоната и Пир; • Владеењето на Антигон Гоната; • Лагиди и Селевкиди; • Деметриј II и состојбата во Хелада (Ајтолски и Ахајски сојуз); • Антигон Досон и Хеленската Симахија; • Владеењето на Филип V; • Владеењето на Персеј и III Македонска војна; • Македонските мериди, Андриск и создавањето на провинција Македонија.

Литература:

1. Ф. Папазоглу Историја на хеленистичкиот период Скопје: Догер 1995

2. G. Shipley The Greek World after Alexander, 323-30 BC. London: Routledge. 2000

3. R. M. Errington A History of Macedonia Berkeley: University of California Press 1990

4. R. M. Errington A History of the Hellenistic World 323-30 BC Oxford: Blackwell 2008

5. J. Roisman & I. Worthington (eds). A Companion to Ancient Macedonia Malden-Oxford: Wiley-Blackwell 2010

6. A. Erskine (ed.) A companion to the Hellenistic world Oxford-Malden: Blackwell 2005