И1/204-З/23 Историја на античките Македонци 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаI3+18

Наставник: проф. д-р Стефан Пановски

Цели на предметната програма:

Предметот е посветен на историјата на стариот Рим, особено во периодот на републикaта и принкипатот. Откако ќе се разгледа протоисторијата на апенинскиот полуостров и цивилизацијата на Етрурците, се минува на историјата на римската држава, чиј развоен пат се следи од времето кога претставува мало кралство во Латиј, преку Латинските, Самнитските и Пунските војни, излегувањето на Рим на политичката сцена на Средоземјето, ширењето кон исток и кон запад и неговиот развој до најголема воено- политичка сила во античко време. Првиот дел од семестарот завршува со кризата на републиката, убиството на Јулиј Кајсар, и причините за распадот на државниот систем систем. Во вториот дел се обработува времето на царството со посебна нагласка на владеењето на Октавијан, подоцна наречен Август, кој прв го обмислил системот што вообичаено го нарекуваме принкипат. Понатаму следи преглед на римските династии сè до Северите, при што особено внимание се посветува на развојот на државниот систем и општествено економските промени во I и II век н.е. На крајот се анализира кризата на III век, како и владеењето на Диоклецијан и Константин, чиј одговор на големата криза ќе бидат длабоки и коренити реформи што ќе доведат до суштествени и трајни промени во римската држава. На крајот, по кус преглед на владеењето на наследниците на Константин, се разгледува прашањето за причините за крајот на Империјата, особено во западниот дел.

Содржина на предметната програма:

• Етничкиот мозаик на Апенинскиот полуостров: Етрурци, извори и куса историја; • Најстарата историја на Рим: кралското уредување и преминот во Република; • Процес на создавање на единствена држава на Апенинскиот Полуостров. Латински, самнитски и пунски војни; • Ширење на Римската Република кон Исток (Балканскиот полуостров, Мала Азија и Египет) и Запад (Келти и Германи); • Реформите на браќата Грах; • Гај Мариј, Сула и неговата диктатура; • Помпеј, Кајсар и Крас; • Од смртта на Јулиј Кајсар до битката кај Актиј; • Внатрешната политика на Август: државни договори и реформи во администрацијата; Надворешната политика на Август; • Династичката политика на Август и владеењето на Тибериј; Јулиевци-Клавдиевци; • Нерон и годината на четирите цареви; Флавиевци; • Антонини: надворешна и внатрешна политика; • Борби за престолот и времето на Северите; Воена анархија; • Владеењето на Диоклецијан и создавањето на тетрархијата; Од Константин I до Теодосиј I.

Литература:

1. Н. Машкин Историја на стариот Рим Скопје: Зумпрес 1995

2. M. Crawford The Roman Republic, 2nd London: Fontana Press 1992

3. C. Wells The Roman Empire, 2 nd ed. London: Fontana Press 1992

4. M. Cary & H. H. Scullard. A History of Rome, 3 rd ed. London: Palgrave. 1975

5. N. S. Rosenstein & R. Morstein- Marx (eds.) A companion to the Roman Republic Malden: Blackwell 2006

6. P. Garnsey & R. Saller The Roman Empire Economy, Society and Culture, 2nd ed. London: Bloomsbury 2014