Ф503З/18: Филозофија на религијата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | V | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Марија Тодоровска
Цели на предметната програма:
Запознавање на студентите со темелните метафизички прашања за постоењето и природата на Бог, како централен поим на повеќето религиозни системи.
Содржина на предметната програма:
Историјата на поимот Бог, од првите антички размислувања, па сè до некои современи филозофски и теолошки тенденции да се разбере божјата природа. Проблемот на божјата спознатливост: начините на кои Бог може да се (по)знае; проблемот на неискажливоста на мистичките искуства; проблемот на помирување на личната вера со колективното култно однесување. Катафатичкиот и апофатичкиот пристап. Аргументите за божјото постоење (онтолошки, космолошки, телеолошки, моралниот поредок како рефлексија на божествената предоброст). Проблемот на предобриот бог и фактот на злото во светот – аргументи против божјото постоење. Проблемот на теодикејата.
Литература:
1. Armstrong, Karen, Istorija Boga / History of God, Narodna knjiga – Alfa, Beograd / Any suitable edition, 1995.
2. Davis, Brian, Uvod u filozofiju religije / An Introduction to the Philоsophy of Religion, Sveučilište u Zagrebu, Zagreb / Any suitable edition, 1998.
3. Стјуарт, Дејвид / Stewart, David, Проучување на философијата на религијата / Exploring the Philosophy of Religion, Арс Ламина, Скопје / Any suitable edition, 2013.
4. Тодоровска, Марија, Дијаболичната природа на светото, Филозофски факултет, Скопје, 2016.
5. Роу, Вилијам Л. / Rowe, William L., Философија на религијата / Philosophy of Religion: An Introduction, Арс Ламина, Скопје / Any suitable edition, 2012.
6. Колаковски, Лешек / Kolakowski, Leszek, Ако Бог не постои… / If There is No God … (Philosophy of Religion), Табернакул, Скопје / Any suitable edition, 2000.