Ф502З/18: Психологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаV4+26

Наставник: д–р Елена Ачковска Лешковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со научните сознанија од областа на психологијата на образованието и да се оспособат за практична примена на истите во воспитно-образовниот процес на адолесцентите.

Содржина на предметната програма:

Историски развој на психологијата како наука, со посебен осврт кон психологијата применета во образованието. Психички процеси и состојби и нивната улога во училишното учење и наставата. Когнитивен, емоционален и социјален развој на адолесцентите. Училишно учење, помнење и заборавање. Структура и динамика на личноста. Особини на наставникот и успешно поучување. Психологија на ефикасната настава(социо-емоционална атмосфера во класот, интеракција наставник-ученик, воспоставување училишна дисциплина). Ученици со посебни образовни потреби. Психолошки аспекти на оценувањето.

Литература:

1. Ачковска Лешковска, Е. (ур.), Психологија (скрипта за интерна употреба), 2014.

2. Vizek-Vidović, V., Rijavec, M., Vlahović-Štetić, V., Miljković, D., Psihologija obrazovanja, Zagreb: IEP VERN, 2. izdanje, 2014.