ГМ306И/18: Општа лингвистика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | III | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
усвојување на основните поими на науката за јазикот, запознавање со теоријата и методологијата на проучување на јазикот како човекова способност и како систем од знаци за комуникација меѓу луѓето
Содржина на предметната програма:
Проблеми на општата лингвистика
1. Предмет, цели и задачи на општата лингвистика 2. Општата лингвистика и другите (одделни, општи, интердисциплинарни и обединувачки) науки: филологија – (општа) лингвистика – семиотика 3. Општата лингвистика како наука за човековиот јазик. Основни модели на општата лингвистика 4. Основни поставки на општата лингвистика: Јазик – говор. Синхронија – дијахронија.Парадигматика – синтагматика. Инваријантност – варијантност 5. Поделби во општата лингвистика 6. Пристапи во општата лингвистика: Структурален и функционален пристап (јазични единици: глас, збор, реченица). Комуникативен и прагматичен (говорни единици: исказ, говорен чин, говорен жанр, комуникативна стратегија и тактика…). Когнитивен и културолошки (конпт, јазична метафора…) 7. Јазици во светот (енциклопедиски и лингвистички опис на јазиците во светот)
Основни поими на науката за јазикот: (Јазикот како систем од знаци за комуникација меѓу луѓето.
1. Комуникација (типови и видови комуникација); Јазикот како средство за комуникација меѓу луѓето 2. Систем (типови и видови системи);Јазикот како систем од знаци за комуникација 3. Знак. (јазичен знак) 4. Модели на комуникација: Линеарни модели. 5. Функции на јазикот како појава поврзана за човекот 6. Функции на јазикот како систем од знаци за комуникација меѓу луѓето. 7. Јазик: природен јазик., народен, литературен.
Литература: