Л303З/18: Античка митологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностIII4+26

Наставник: д–р Ратко Дуев

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаење за: потеклото, видот и особеностите на митовите, нивното толкување, за верувањата и обредите на Хелените и Римјаните, како вечни теми кои преку епот, философијата, поезијата и материјалната култура се вградени во основата на европската цивилизација и култура.

Содржина на предметната програма:

Интерпретација и дефиниција на античката митологија; Историска подлога на хеленската митологија; Митови за Создавањето; Востановување на моќта на ИЕ бог Ѕевс: создавање на смртниците; 12-те Олимпијци: Ѕевс, Хера и нивните деца; Природата на хеленските богови; Деметра и елевсинските мистерии; Орфизам; Задгробен живот: кралството на Хад; Тебански киклос; Микенски киклос; Враќања; Персеј и митовите за Аргос; Херакле; Тесеј и митовите за Атика; Аргонаути; Митови за месни херои и хероини; Природата на римската митологија.

Литература:

1. Дуев, Р., Античка митологија скрипта 2006

2. Morford, M. P. O., Lenardon, R. J,. Classical Mythology, (7th edition) Oxford University Press, 2003

3. Morford, M. P. O., Lenardon, R. J., A Companion to Classical Mythology,Oxford University Press, 1997

4. Дуев, Р., Ѕевс и Дионис: раѓање на античките верувања и култови,Скопје, 2010

5. Woodard, R. D. (ed.), The Cambridge (Companion to Greek Mythology Cambridge  University Press 2007

6. Лектири по избор