ГМ406И/18: Преглед на лингвистиката
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | IV | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
усвојување на основните теории за јазикот и подготовка за теориски пристап кон јазичната проблематика.
Содржина на предметната програма:
Прв дел Историски основи на лингвистиката. Историски преглед на идеите за јазикот.Тривиум: Логика – Граматика – Реторика. Филологија. Историска лингвистика (појава, предмет, цели и задачи). Методологија: споредбеноисториски проучувања на јазиците во светот. Правци: психологизмот и позитивизмот во лингвистиката). Историската лингвистика и другите науки. Премин од историска во општа лингвистика: Естетска лингвистика (лингвистиката и естетиката; Школа на зборови и предмети, германска естетска лингвистика, италијанска неолингвистика). Психосоциолошки и географски проучувања на јазикот (Казањската и други славистички школи, лингвистичка географија, француска социолошка школа). Втор дел: Општа и современа лингвистика Општа лингвистика (предмет, цели и задачи, проблеми и погледи, теории и методологии, системноструктурни и функционални правци и школи во европската /Женевска, Прашка, Копенхагенска/ и во американската /дистрибуционалистичка/лингвистика). Современа лингвистика: Интердисциплинарни и обединувачки проучувања на Јазикот
Литература:
1. Димитар Пандев, Пристап во македонската лингвокултурологија, Штрк, Скопје, 2007