ГМ804И/18: Лингвостилистика на современиот македонски јазик
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | VIII | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
1. Развивање на способноста за идентификација и разграничување на специфични и неспецифични јазично-изразни средства во текстови од различни функционални стилови
2. Соодветно избирање на јазичните средства со чувство за мера при нивната употреба во зависност од потребите (и барањата) на комуникативниот контекст 3. критичка анализа и приод кон употребата на јазикот во зависност од степенот на официјалноста.
Содржина на предметната програма:
Поим и дефиниции за стилот (начин, избор, комбинација, варијација, отстапување од очекуваното, иновации…).Стилистиката како трансдисциплинарна наука. Стилистиката и другите дисциплини. Стилистиката и јазичната култура. Акцент на спецификите на нормата на современиот македонски јазик на сите рамништа. Правописната и правоговорната норма како појдовен критериум за квалитетен јазичен израз. Стилски и стилистички аспекти при изборот на јазичните средства во текстот. Стандарднојазичната норма и јазичниот узус. Стилската вредност и изразните можности на лексичките слоеви и на фразеолошките изрази. Јазичното наследство (изворното и стекнатото од контактите со престижните европски јазици) како цивилизациска придобивка. Граматичките изразни средства; морфолошките категории како средства за експресивизација на изразот. Синтаксичките категории: експресивноста и стилската обележеност во синтаксата. Јазични универзалии: синонимија, антонимија, хомонимија, паронимија.
Литература:
1. Лилјана Минова-Ѓуркова, Стилистика на современиот македонски јазик, Магор 2003
2. Благоја Корубин, Јазикот наш денешен, кн. 1-6 Наша книга, ИМЈ Крсте Мисирков, Скопје 1969 -2001