ЛМ704И/18: Синтакса на современиот македонски јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностVII2+26

Наставник:  

Цели на предметната програма:

1. Теоретска основа за реченица и сложена реченица.

2. Познавање на модалната и граматичката структура на реченицата како и практична примена во пишуваниот и говорениот јазик.

3. Оспособеност за создавање сложени реченици од различен структурен тип, како и практично да се применуваат начините на поврзување во врзан текст.

Содржина на предметната програма:

Поим за реченицата како синтаксичка единица. Модална и граматичка структура на реченицата. Видови реченици според модалната функција. Реченични членови (подмет, прирок, предмет, прилошка определба, атрибут, апозиција). Сложена реченица. Паратакса и хипотакса: синдетон и асиндетон. Класификација на сложените реченици.

Литература:

1. Лилјана Минова-Ѓуркова, Синтакса на македонскиот стандарден јазик, Магор 2000

2. Симон Саздов, Современ македонски јазик 4, Табернакул 2008

3. Благоја Корубин, Јазикот наш денешен 1-6, ИМЈ Крсте Мисирков 1999

4. Зузана Тополињска, Граматика на именската фраза, МАНУ 1977

5. Лилјана Минова-Ѓуркова (ред.), Македонски јазик, Универзитет Ополе Полска 1996