ЛФ506И/18: Француска книжевност 3
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Латински јазик и античка книжевност | V | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Способност за анализа на најзначајните литературни остварувања на 17 век и нивно согледување во контекст на особеностите на класицизмот како доминантно литературно движење на векот и модел за кодификација на уметничките текстови. Способност за иницијација во методите на читање и техниките на експликација на текст (барок, прециозни романи, класични трагедии, комедија). Развој на интелектуална автономија и способност за истражувачка работа.
Содржина на предметната програма:
Француски класицизам. Основни карактеристики и претставници на францускиот класицизам. Поетики кои го наговестуваат класицизмот: барок (Малерб, Ракан, Вио); прециозност и значењето на Салоните (Мадам де Севиње и Оноре д’Ирфе). Конституирање на доктрината на класицизмот и улогата на Академијата – Поетската уметност на Никола Боало. Почетоци на психолошкиот роман: г-ѓа де Ла Фајет. Басните на Ла Фонтен. Класичен театар : делата на Корнеј и неговата концепција за трагичниот јунак; трагедиите на Расин и неговата концепција за фаталната страст; комедиите на Молиер – од фарса до висока комедија.
Литература:
1. Brunel, Pierre et autres, Histoire de la literature française. Du Moyen Age au XVIIIe siècle. Tome I Paris, Bordas 1993
2. Didier Béatrice, Histoire de la literature française du XVIIIe siècle, PUR 2003
3. Charpentier Michel et Charpentier Jeanne, Littérature. Textes et documents . Coll. Henri Mittérand, Paris, Nathan 1993
4. Lagarde, A. & Michard, L., XVIIIe siècle Paris, Bordas 1993
5. Deshusses, Pierre et autres. Dix siècles de littérature française. Du Moyen Age au XVIIIe siècle, Paris, Bordas 1984
6. Darmon J-Ch. Et Delon M., Histoire de la France littéraire. Classicismes XVIIe et XVIIIe siècle, Paris, PUF 2009