КВ604И/18: Византиска филозофија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаVI2+26

Наставник: д–р Јасмина Поповска

Цели на предметната програма:

„Византиска филозофија“ на студентите треба да им овозможи да добијат продлабочени сознанија за основните филозофски проблеми и за најзначајните филозофски идеи во Византија; да создадат слика за византиското духовно наследство; да развијат критичка способност за филозофска анализа на религијата; да развијат способност за согледување на суштинските сличности и разлики помеѓу филозофските учења во различните историски периоди; да развијат способност да ги интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните византиски филозофски текстови и притоа соодветно да ја користат секундарната литература.

Содржина на предметната програма:

Предметот „Византиска филозофија“ се фокусира на презентирање и анализирање на главните филозофски идеи и проблеми во историјата на византиската филозофија, почнувајќи од Кападокиската школа, преку Псевдо Дионисиј Ареопагит, Св. Јован Лествичник, Св. Максим Исповедник, патријархот Фотиј, Св. Симеон Нов Богослов, Михаил Псел, Св. Григориј Палама, Григориј Акиндин, сè до филозофијата на Георгиос Гемистос-Плитон. Преку историската ретроспектива на овие големи автори на визатиската духовна традиција, се отвораат и проблемите за филозофските импликации на апофатичкото богословие, теолошко-филозофските основи на исихазмот, антрополошките аспекти на исихастичкиот спор, теолошко-филозофските основи на иконокластичкиот спор, ренесансните идеи во Византија и нивното влијание на раѓањето на Ренесансата во Италија, рационализмот, платонизмот и неопаганските теолошки концепти во византиската мисла, итн. Предметот, исто така, во својата програма вклучува и краток преглед на политичката историја, културата и уметноста во Византиската држава. За да можат да се реализираат целите на предметот, во неговата програма се вклучени и разни мултумедијални форми за поблиску да се доближат аспектите на византиската цивилизација и култура.

Литература:

1. Георгиева, Вера, Византиска филозофија, Скопје: Табернакул, 2001

2. Георгиева, Вера, Филозофија на исихазмот, Скопје: Табернакул, 1993

3. Татакис, Василиј Историја на византиската филозофија, Скопје: Култура, 1998

4. Псевдо-Дионисиј Ареопагит, За божествените имиња, Скопjе: Табернакул, 2003

5. Свето писмо

6. С. С. Н. Богослов, Химни, Манастир Успение на Пресвета Богородица, 2003

7. Палама, Г., Тријади, Скопје: Табернакул, 2001