К501З/18: Античка реторика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаV4+26

Наставник: д–р Весна Томовска

Цели на предметната програма:

Запознавање со основите на античката реторика како сложен систем од техники на вештината на говорење и убедување во логичкото градење на секој говорен облик.

Содржина на предметната програма:

Античките реторски системи и нивната разгранета структура. Развојот на античката реторика. Почетоците на хеленската реторика, реториката на софистите, Платон (дијалозите: Горгија, Софист, Протагора, Кратил), Аристотел (Реторика), Кикерон (За говорникот, Брут, Говорник), Квинтилијан (Воспитувањето на говорникот).

Литература:

1. Томовска, В., Античка реторика, Магор, 2013

2. Kennedy, G.A., A New History of Classical Rhetoric, Princeton, 1994

3. Ката Ќулавкова (приредувач), Поимник на книжевни термини, МАНУ, 2007

4. Corbett, E.P.J. and Connors, R.J., Classical Rhetoric for the Modern Student, Oxford, 1999

5. Деметриј, За јазичниот израз. Превод од старогрчки јазик В. Томовска, Три, 2016