СС401З/18: Семејството во стратегиите на ЕУ
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | IV | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Македонка Радуловиќ
Цели на предметната програма:
Студентите да се стекнат со основни познавања за поставеноста и функционирањето на Европската Унија. Да се запознаат со политиките, стратегиите и главните документи на Европската Унија, во кои индиректно и директно се опфаќа семејната проблематика и заштита. Како и со пристапната политика на Европската Унија и статусот на Република Македонија во тој процес. Да стекнат знаење кое ќе им овозможи критичко и компаративно согледување на положбата на семејствата во стратегиите на ЕУ и нивна импликација врз состојбите во РМ.
Содржина на предметната програма:
I дел: Поим за Европска Унија, Основни тела и начин на функционирање, Европска социјална политика, Европската повелба за фундаменталните права, Европската конвенција за човекови права и семеен живот. II дел: Европската унија-социјални перспективи, профил на семејствата во ЕУ, Стратегиите на ЕУ и нивното влијание врз семејствата, Семејствата во РМ, Состојби-перспективи, индикатори, Пристапната политика на ЕУ и нејзиното влијание врз положбата, статусот и заштитата на семејствата во РМ.
Литература:
1. Maribel Gonzalez Pascual, Aida Torres Perez, The Right of Family Life in the European Union, Routledge, 2017
2. Clare McGlynn, Families and the European Union, Law, and Pluralism, Cambridge books online, 2006
3. Mark A. Fine, Frank D. Fincham, Handbook of family theories, Routledge, 2012
4. Official Journal of the European Communities, Charter of Fundamental Rights of the European Union, EU parliament, Council, and the Commission, 2000
5. Ursula Kikelly, The right to respect for private and family life. A guide to the implementation of Article 8 of the European Convention on Hum. Rights, Council of Europe, 2001