СС106И/18: Семејството во антиката

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииI2+26

Наставник: д–р Ратко Дуев

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаење за фамилијарниот живот во антиката, за разводот, неверноста, децата, старите; природата на хеленскиот oikos и римскиот domus, домаќинството и сложените односи во него, особено односот меѓу мажот, жената, децата и робовите и улогата на секој член, со цел да се одреди какво влијание и важност имала фамилијата во античките општества.

Содржина на предметната програма:

Семејството во праисторијата; Дефинирање на семејството во Хелада; Потекло на семејството во Хелада; Создавање на семејство: брак, раѓање и умирање; Родот, возраста, статусот и правото во хеленската фамилија; Дефинирање на семејството во Рим; Римска фамилија; Создавање на римско семејство: брак, развод, детство и старост.

Литература:

1. Lacey, W. K., The Family in Classical Greece, London, 1968

2. Dixon, S., The Roman Family, Baltimore, 1992

3. Gardner, F.F. Wiedemann, T., The Roman Household: A Sourcebook, Routledge, 1991

4. Pomeroy, S., Families in Classical and Hellenistic Greece, Oxford, 1997

5. Rawson, B., Marriage, Divorce, and Children in Ancient Rome, Oxford, 1997