М805И/18: Религиите и мирот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VIII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Матевски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за улогата на религијата во современото македонско општество и поширокиот регион во контекст на мировните процеси. Курсот ќе им овозможи на студентите да се запознаат со улогата на религијата во конфликтните и постконфликтните периоди во македонското општество и поширокиот регион на Западен Балкан и Југоисточна Европа. Студентите да стекнат научни сознанија за процесите на реконсилијација и соработка во контекст на религиските и етничките конфликти во ера на конфликтни процеси во македонското и европското општество.
Содржина на предметната програма:
Социолошка перспектива на религијата; Религиските контури на една заедница; Религијата и општествената кохезија; Религиски конфликти; Религиска толеранција; Религиска социјализација; Улогата на религијата во мир и конфликт; Практичното спроведување на религиската толеранција во Р. Македонија; Право на разлики и можност на религиска толеранција; Религијата како култура на мирот; Религијата и воените конфликти; Тензиите помеѓу Црквата и државата во мултикултурните општества; Homo religiosus и културата на мирот; Религијата и насилството; Влијанието на религискиот фундаментализам врз мирот; Влијанието на радикалниот Ислам врз мирот.
Литература:
1. Љубиша Митровић, Homo religiosus и култура мира, ЈУНИР, 2010
2. Miroljub Jeftić, Religion and Power, Centre for study of religion and religious tolerance, Belgrade, 2008