М705И/18: Градење на мирот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Лидија Георгиева
Цели на предметната програма:
предметната програма има за цел да ги објасни карактеристиките на процесот на градење на мирот, со посебен осврт на карактеристиките на овој процес во современото
безбедносно опкружување. Целта е оспособување на студентите за примена на теориските знаења и вештини при анализа на ефикасноста на овој процес, како и разбирање на основните принципи врз кои се темели и кои го детерминираат градењето
на мирот. Врз основа на стекнатите вештини, студентите ќе се оспособат за практично анализирање и извлекување препораки за градење мир во конретни случаи.
Содржина на предметната програма:
Tеориски аспекти на мирот; категоризација на мирот; концептот за мир во меѓународните односи; подем на мировните студии; мировни агенди; современи аспекти на меѓународното градење на мир; нови пристапи кон творењето на мир; пристапи кон градењето на мирот; механизми за одржување на мирот во современите меѓународни односи; чување на мирот; развој на мултидимензионално чување на мирот; инструменти на превентивна дипломатија; миротворство, улогата на градењето на мирот; стратегии за градење мир; постконфликтно градење на мир; предизвици за градењето на мирот во современото безбедносно опкружување; институционализација на концептот на мир во ООН; локални и регионални аспекти на градење мир: БиХ, Косово, Сомалија.
Литература:
1. Гоцевски, Т., Ортаковски В., Георгиева Л., Анализа и разрешување на конфликти, БЦМ, 1999
2. Георгиева Лидија, Творење на мирот – мирот, безбедноста и конфликтите по Студената војна, Филозофски факултет, Скопје, 2014
3. Paris R., Peacebuilding and the limits of liberal internationalism, 1997