М501З/18: Анализа и разрешување на конфликти

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирV4+26

Наставник: д–р Лидија Георгиева

Цели на предметната програма:

Развивање на аналитички вештини за утврдување на причините за конфликтите, динамиката на конфликтниот процес, ескалацијата на конфликтите и можните интервенции во конфликтот. Врз основа на овие вештини, студентите треба да ја надминат бариерата на теориското и практичното анализирање, како и да извлекуваат и креираат препораки за управување со конфликтниот процес.

Содржина на предметната програма:

Вовед во решавањето на конфликтите: Анализа на конфликтот(структура и динамика на конфликтот, дистрибуција на конфликтот и видови конфликти); традиционален пристап за решавање на конфликтите; Теорија за решавање на конфликти(Боулдинг, Галтунг, Бартон, Харвардски пристап, Ледерах); конструкција и реконструкција; Теориска рамка на современите конфликти (продолжен социјален конфликт, меѓународен и внатрешен конфликт, етнички конфликт, вооруѓен конфликт); Конфликтите во современата меѓународна заедница; причини за конфликти (структурален пристап, идеологија и идентитет, миграции, технологија и комуникации); индикатори за анализа на конфликтите; Стратегии за справување со конфликтите: превенција на насилни конфликти; управување со конфликтите (решавање и разрешување); интервенција на трета страна; градење на мирот; Меѓународните организации и управувањето со конфликтите:

Литература:

1. Гоцевски Т., Ортаковски В., Георгиева Л., Анализа и разрешување на конфликти, BCM, 1999

2. Miall H., Ramsbolhan O., Woodhouse T., Contemporary Conflict Resolution, SAGE, 2000