О503И/18: Современи вооружени системи

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирV3+16

Наставник: д–р Ванчо Кенков

Цели на предметната програма:

Основна цел е студентите да се стекнат со научни знаења и сознанија за современите борбени системи, карактеристиките и можностите на современите борбени средства, начелата на употреба и тенденциите во развојот на современите борбени средства.

Содржина на предметната програма:

Современи вооружени системи – поим; Состојба, перспективи и тенденции во натамошниот развој на вооружените системи; Општи тенденции за натамошен развој на борбените средства во пешадиските единици, можности на пешадиските единици и натамошен развој и перспективи; Вооружените системи во артилериските и артилериско-ракетните единици, оклопните единици, системи на ПВО. Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана, вооружените системи во воздухопловите и опрема, поделба, основни карактеристики и тенденции во развојот. Воената морнарица, вооружување и опрема, поделба и основни карактеристики и тенденции во развојот; Противелектронски дејства, значење на ПЕД и нивното влијание врз водењето на војна, организирање на ПЕД, средства и единици, основни карактеристики и можности, употреба на средствата, перспективи во развојот; Средства за масовно уништување, борбени системи кои користат нуклеарни боеви глави, интерконтинентални ракети, крстаречки ракети, вселенски средства. Нови видови на оружја.

Литература:

1. Ванчо Кенков, Современи вооружени системи, Филозофски факултет, 2011

2. Анастас Лакоски, Нуклеарно оружје, Скопје, 2002

3. Iztok Kočevar, Savremeni tenkovi u svetu, VINC, Beograd, 1988

4. Stanislav Arsić, Streljačko naoružanje sveta, Vojna štаmpаrija, Beograd, 2002

5. Dragoljub Petrović, Artilerija sveta, Vojna štаmpаrija, Beograd, 2002

6. Zlatko Rendulić, Svemirska oružja i rat zvezda, VINC, Beograd. 1988

7. Bil Ganston, Suvremeni vojni avioni i helikopteri, ALFA, Zagreb, 1980