СЕР1/103-З/23 Општа педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА(2023 )I2+26

Наставник: Проф. д-р Анета Баракоска

Цели на предметната програма:

Да се стекнат научни знаења за развојот, местото и улогата на педагогијата како наука во системот на општествените науки, да се запознаат со темелните научни определби на педагошката наука, задачите на педагошката наука, системот на педагошки дисциплини, да се запознаат со онцептуалната база на основни педагошки поими и категории, да стекнат научни и продлабочени сознанија за суштината и карактерот на воспитанието како предмет на педагогијата, неговото поимно определувае, целта на воспитанието, да се усвои и применува основната педагошка трминологија.

.

Содржина на предметната програма:

Класификација на науките и местото на педагогијата во системот на науките; Педагогијата како наука за воспитанието; Развој на педагогијата како теорија на воспитанието; Темелни научни определби на педагошката наука (предмет,задачи, ситем на педагошки дисциплини, системски елементи, закони, законитости); Односот на педагогијата со другите науки; Суштина и основни карактеристики на воспитанието; Основни педагошки поими; Воспитание во пошироко и потесно значење; Односот меѓу воспитанието, социјализацијата и персонализацијата; Фактори во развитокот на личноста; Воспитаник-воспитувач; Цел на воспитанието; Воспитно-образовен систем.

Литература:

1. Баракоска, А.,. : Општа педагогија. – ФЗФ 2020

2. Костова, М., Баракоска, А., Маказлиева, Е., : Педагогија – Просветно дело АД- Скопје 2011