Д105И/18: Социологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | I | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Милева Ѓуровска
Цели на предметната програма:
Основната цел на програма е студентите да се стекнат со доволно знаење од содржините на општата социологија.
Содржина на предметната програма:
1. Социологија-поим, предмет значење. 2. Културата и општеството. 3. Социјална структура. 4. Социјални промени, колективно однесување и социјални движења. Колективно однесување, поим, карактеристики и типови. Толпа, банда, бунт. Социјални движења. 5. Социјализацијата и општеството. Процес на социјализација. Социјална интеракција. Социјални групи. 6. Девијација, социјална контрола, криминал (Девијација и социјална контрола. Видови на девијантно однесување. Криминалитетот на „белите јаки“ (white collar crime). Организиран криминал. 7. Социјална стратификација, нееднаквост, сиромаштија и социјална исклученост. 8. Етницитет, етничка стратификација и судири. Типови на етничност. Националниот идентитет: културна конструкција. Етничка група. 9. Труд. Eкономски живот. Слободно време. Информатизација на работното место. Невработеност. Социјална дистрибуција на невработеноста. Класа, род, возраст, етничка припадност. Економиите во транзиција: сопственост, труд, капитал, Слободно време. 10. Власт,држава, политика, демократија. 11. Семејство. 12. Образование. Образованието и општеството. Бурдие: културниот капитал и образованието. Субкултурата и успехот во образованието. Животот во етнички мешовити училишта: стереотипи, предрасуди, паралелни светови. Насилствата во образованието. 13. Религија. 14.Население – демографија – животна средина. 15. Социологија на здравје, болести и стареење. 16. Светот во процес на промени: глобализација, идентитет, интеграција.
Литература:
1. Ацески Илија, Социологија, Филозофски факултет, 2017
2. Ѓуровска М., Социологија, Филозофски факултет, 2013
3. Ташева, М., Социологија, Филозофски факултет, 2003
4. Giddens А., Sociology Cambridge-London, 1993