Почитувани,
ни претставува задоволство да ве поканиме на предавањето на проф. д-р Феран
Антолин од Германскиот археолошки институт во Берелин. Тој е еден од водечките
светски археоботаничари кој повеќе години работи на неколку предисториски
локалитети во Македонија. Насловот на неговото предавање е „Dehusking Early
Farmers: what archaeobotany is teaching us about the Neolithic in Pelagonia and Lake Ohrid“
и во него ќе бидат претставени исклучителните сознанија поврзани со појавата и
значењето на земјоделството во овие региони од пред околу 8000 години.
Предавањето ќе се одржи на 04.12.2025 (четврток) на Филозофскиот факултет, во
13.00 часот, во салата за седници. Тоа ќе биде одлична можност студентите,
стручните лица, но и љубителите на минатото, да се запознаат со археоботаничките
методи и со најновите сознанија поврзани со неолитското стопанство на тумбите во
Пелагонија и наколните населби на Охридското Езеро.