Почитувани,
„Македоника литера“ и Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА со задоволство ве покануваат на промоцијата на книгата „Македонски идентитетски прашања“ од проф. д-р Јованка Кепеска.
За книгата ќе зборуваат проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, проф. д-р Звонимир Јанкулоски и Дарко Јаневски. Предвидено е и музичко интермецо на пијано со Калина Кепеска.
Промоцијата ќе се одржи во четврток, 1 октомври 2026 година, во 19:00 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.
Влезот е слободен. Ќе ни биде драго да ве видиме таму.