%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-2-%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d0%b5%d0%b2

Повик за учество на 2. Летна школа “Европско и балканско културно наследство“ 10-14 Јуни 2024, Скопје

Ве известуваме дека e отворено пријавувањето за летната школа „Европско и балканско културно наследство“, која ќе се одржи од 10-14 јуни 2024 година во Скопје, во организација на Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофскиот факултет во Белград.

Учесниците на Летната школа се студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет во Скопје и Белград од сите студиски програми. Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил адресата summerschool@fzf.ukim.edu.mk најдоцна до 20 мај 2024 година.

Во е-маил пријавата потребно е да се достават следните информации:

  • Име и презиме, број на индекс, назив на студиската програма, циклус на студии (прв, втор, трет), актуелно запишан семестар на студии, контакт телефон.
  • Куса мотивациона изјава за учество на Летната школа (не повеќе од два пасоса).
  • Информација дали наставата може да ја следите на српски и англиски јазик.

Подетални информации можете да најдете во овој документ.