Документи за пријавување и запишување
| Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет. При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи: пријавен лист за запишување; електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk); оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија; куса биографија (CV); потврда за активно познавање странски јазик; потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје, Банка на примачот: НБРСМ, Тансакциска сметка 100-0000000-630-95, Уплатна сметка 840-ХХХ-03161, Конто 722313 00); 1000 денари на жиро-сметката на на Факултетот за драмски уметности за студиските програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата; препораки од наставни или научни работници (доколку има такви); список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат); документи за евентуални награди, признанија и други документи. Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена. Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување. При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: индекс и пријавни листови две фотографии (3,5х4,5) |