%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b8%d1%88%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0

Врз основа на член 3 и член 4 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта (Службен весник на РСМ бр. 161/2019), член 141 од Законот за високо образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018), член 284 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно со Правилникот за условите, постапката, начинот и правилата на студирањето на студиската програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (Службен весник бр. 241/2020 и бр. 11/2021) и добиеното Решение за акредитација на Филозофскиот факултет-Институт за педагогија за вршење на настава и полагање на испити за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка со арх. бр. УП 1 13 – 3295 од 01.11.2021 година, Филозофскиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавува

Конкурс за запишување на кандидати на Педагошко-психолошка и методска подготовка  на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

ПОЧИТУВАНИ КАНДИДАТИ,

Во периодот од 1.II 2024 година заклучно со 9.II 2024 година можете да аплицирате за упис на Педагошко-психолошка и методска подготовка. На Педагошко-психолошка и методска подготовка можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни академски студии од прв циклус или VII/1 степен (додипломски) студии на ненаставнички факултети, односно студии (студиски програми) кои немаат наставна насока и се имаат стекнато со најмалку 240 ЕКТС-кредити, а се утврдени со нормативот за наставен кадар во наставната програма, и може да се вработат во основно односно средно училиште. Кандидатите треба да ги поднесат документите во долунаведениот рок во Одделението за студентски прашања на Филозофскиот факултет од 11 до 15 часот.

Кандидатите треба да ги поднесат документите од 1.II 2024 година заклучно со 9.II 2024 година.

Потребни документи за конкурирање:

  • Образец за запишување семестар;
  • Доказ за уплатени 50 денари за административна такса;
  • Диплома/Уверение за дипломирање (фотокопија заверена на нотар);
  • Извод од матична книга на родени (во оргинал, без разлика на датумот на издавање);
  • Уверение за државјанство на РСМ (во оргинал, без разлика на датумот на издавање).

Уписот на примените кандидати ќе се изврши во период од 19.II 2024 година до 23.II 2024  година  и потребно е да доставите:

  • Индекс и две фотографии;
  • Уплата од 250 евра во денарска противвредност на образец ПП50 на следната жиро сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18, Приходна шифра: 723119, програма: 41

Приемот на запишаните кандидати и доделувањето на индекси ќе биде на 27.II 2024 во 16:00 часот во Предавална 10 на Филозофски факултет.

Поблиски информации за уписот можете да добите на телефон: 3116-520, лок. 259  и на e-mail: svetlanas@fzf.ukim.edu.mk, а информации за студиските и предметни програми, кандидатите можат да добијат во Библиотеката за педагогија на Филозофскиот факултет, на телефон: 3116-520 лок. 215 и на e-mail: tatjanad@fzf.ukim.edu.mk.

    Д Е К А Н

    на Филозофски факултет

                              ______________________

          Проф. д-р Ратко Дуев