Ризница на научни трудови


Научните трудови публикувани од членовите на академската заедница при Филозофскиот факултет се јавно достапни на Универзитетската ризница. Факултетската ризница се состои од учебници, монографии, делови и поглавја од книги, статии во научни списанија, трудови од научни конференции, прикази на стручна литература напишани од страна на наставниот кадар при Филозофскиот факултет, како и магистерски тези и докторски дисертации одбранети при Филозофскиот факултет. Факултетската ризница содржи богат материјал на научни трудови, и ја зголемува нивната јавност, достапност и влијание. Користењето на универзитетската и факултетската ризница ја зголемува критичноста во истражувачката работа.

Ризница на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Ризница на Филозофскиот факултет