Дипломирани студенти (алумни)


Почитувани дипломирани студенти, магистрирани и докторирани студенти,

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е горд на своите студенти и алумни и затоа со нетрпение очекуваме да слушнеме од вас каде го остварувате вашиот професионален развој  во наредните години. Само затоа што вашите студии завршија, не значи дека и вашата врска со Факултетот треба да прекине.  Градењето на  цврста, оддржлива и меѓународна мрежа на студенти и алумни е наша цел која може да има повеќестрана корист за сите вклучени, како заради одржување и зголемување на професионалните контакти, така и заради  промовирање на факултетските  студиски програми, факултетските истражувања и иницијативи. Создавањето на мрежата на алумни на Филозофскиот факултет во Скопје е во својот зародиш, што ви дава можност активно да го обликувате и да бидете дел од процесот. За таа цел, Ве очекуваме да ни ги испратите Ваши информации (име/презиме, година на дипломирање, студиска програма на која сте дипломирале, организација во која работите – или друг економски статус, држава во која работите и престојувате, како и Ваши коментари и предлози за подобрување на комуникацијата со мрежата на дипломирани студенти/алумни заедницата. Податоците испратете ги на: alumni@fzf.ukim.edu.mk

Филозофскиот факултет ќе се гордее со вашите лични и професионални достигнувања.

Ви посакуваме успешен пат напред каде и да ве води тој.