
Соопштение за запишување на летен семестар 2020/2021 за студентите кои студираат на втор цуклус студии
Запишувањето на летниот семестар во учебната 2020/2021 година ќе се врши во периодот од 26.3.2021 година до 31.3.2021 година, од 8,30 до 14,00 часот во Одделението за студентски прашања.
-Студентите кои за прв пат се запишани на втор циклус студии во I (прв, зимски) семестар во учебната 2020/2021 запишуваат II (втор, летен) семестар во учебната 2020/2021 година, при запишување потребно е да ги достават следниве документи:
- индекс;
- образец за запишување на семестар со уплатница од 100,00 денари за студентско собрание на факултетот;
- општа уплатница ПП50 за уплатена трета рата од 15.000,00 денари на сметка на Филозофски факултет
-Студентите кои за прв пат се запишани на втор циклус студии на едногодишна студиска програма (60 кредити/ два семестри) во учебната 2019/2020 и кои ги немаат положено сите испити по предметите запишани од вториот (летен) семестар во учебната 2019/2020 година заклучно со зимска испитна сесија (од учебната 2020/2021 година) потребно е да извршат презапишување на неположените предмети во летниот семестар во учебната 2020/2021 година, при презапишувањето потребно е да ги достават следниве документи:
- индекс;
- образец за запишување на семестар со уплатница од 100,00 денари за студентско собрание на факултетот;
- уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од неположените предмети на сметката на Филозофскиот факултет.
–Студентите запишани на втор циклус студии на двегодишна студиска програма (120 кредити/ четири семестри) запишуваат нареден семестар по следниот редослед:
-четврти семестар: студентот прво ги запишува заостанатите неположени предмети од II (вториот, летен) семестар, потоа ги запишува задолжителните предмети од тековниот семестар и на крајот изборните предмети од тековниот (IV, четврти) семестар. Збирот на бројот на кредитите од запишаните предмети во семестарот не смее да изнесува повеќе од 35,при презапишувањето потребно е да ги достават следниве документи:
- индекс;
- образец за запишување на семестар со уплатница од 100,00 денари за студентско собрание на факултетот;
- уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од запишаните предмети на сметката на Филозофскиот факултет.
-Студентите кои за прв пат се запишале во вториот уписен рок истовремено го заверуваат зимскиот семестар 2020/2021 година и го запишуваат летниот семестар 2020/2021 година. Заверување на зимски и запишување на летен семестар во учебната 2020/2021 година ќе се врши во периодот од 26.3.2021 година до 31.3.2021 година од 8,30 -14,00 часот.
При запишувањето потребно е да ги достават следниве документи:
o индекс;
o образец за заверување на зимски и образец за запишување на летен семестар
o уплатница од 100,00 денари за студенско собрание на факултетот;
o уплатница од 15.000,00 денари за зимски и 15.000,00 за летен семестар;
Уплатите на сметката на Филозофскиот факултет се вршат на општа уплатница ПП 50 со следниве податоци:
– од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723019 и програма:41;
– од страната на налогодавач задолжително во повикување на број – задолжување да се внесе бројот на студиската програма и тоа за:
o Филозофија 723019-01
o Педагогија 723019-02
o Историја и архивистика 723019-03
o Историја на уметност а и археологија 723019-04
o Безбедност 723019-05
o Психологија 723019-06
o Социологија 723019-07
o Стратегиски и одбранбени студии 723019-08
o Социјална работа и социјална политика 723019-09
o Мир и развој 723019-11
o Класична филологија 723019-12
o Специјална едукација и рехабилитација 723019-13
o Европски студии за интеграција 723019-14
o Менаџмент во образованието 723019-912
o Менаџмент на човечки ресурси 723019-933
o Меѓународни односи – разрешување на конфликти 723019-938
o Интеркултурни студии 723019-947
o Специјалистички студии на соц.работа во здравство 723019-911
o Социјален менаџмент 723019-951
o Инклузивно образование од областа на едукација и рехабилитација 723019-952
o Малолетничка деликвенција 723019-953
o Родови студии 723019-1070
o Корпоративна безбедност и безбедносен менаџмент 723019-1090
o Интеррелигиски студи 723019-1091
Во цел на дознака задолжително се внесува името на студиската програма и цел на уплата.