%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0%d1%82-%d0%b5-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%83%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%b5%d0%bd-%d1%80%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80-%d1%86

СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

I

            Согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2020/21 година, објавен на 1.7.2020, во дневниот весник Нова Македонија, на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во вториот уписен рок има слободни места за следниов број студенти:

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ број на студенти траење во семестри цена на студирање (во евра)
ФАКУЛТЕТИ      
Филозофски факултет      (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А) 976 2/4  1915/3249
Филозофија 29 2 1915
Педагошки науки 8 2 1948
Социологија 28 2 1948
Европски студии за интеграција 30 2 1948
Историја и архивистика 21 2 1915
Историја на уметноста 24 2 1915
Класична филологија, византологија и микенологија 20 2 1915
Стратегиски и одбранбени студии 30 2 1948
Безбедност 39 2 1948
Мир – мировните политики, глобализација, мирот и конфликтите 20 2 1915
Социјална работа и социјална политика 38 2 1948
Социјален менаџмент 25 2 1948
Меѓународни односи – разрешување конфликти, дипломатија и глобално управување 30 2 1948
Интеррелигиски студии 29 2 1915
Родови студии 29 2 1948
Родови студии 30 4 3249
Интеррелигиски студии 50 4 2989
Корпоративна безбедност и безбедносен менаџмент 17 2 1948
Корпоративна безбедност и безбедносен менаџмент 20 4 3086
Менаџмент во образование 14 2 1948
Психологија 30 2 1915
Археологија 17 2 1915
Специјална едукација и рехабилитација – интелектуална попреченост и аутизам 31 2 1948
Специјална едукација и рехабилитација – моторни нарушувања 39 2 1948
Специјална едукација и рехабилитација –оштетувања на видот 9 2 1948
Специјална едукација и рехабилитација – оштетувања на слухот 39 2 1948
Специјална едукација и рехабилитација – специфични тешкотии во учењето 33 2 1948
Инклузивно образование 13 2 1948
Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности 55 2 1948
Интеркултурни стуии 30 2 1915
Мир – мировните политики, глобализација, мирот и конфликтите 20 4 3086
Стратегиски и одбранбени студии 30 4 3086
Безбедност 40 4 3086
Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности 59 4 3151

II.        Право на конкурирање

Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови:

  • да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.

III. Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на upisi-fzf@ukim.edu.mk.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ;  Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • индекс и пријавни листови  
  • две фотографии (3,5х4,5)

IV Рокови за пријавување и запишување

  Втор рок
Пријавување на кандидатите 1 февруари – 1 март 2021
Запишување на кандидатите 3 – 5 март 2021